18/10/2024
Спорт

ШК Ласкер Охрид обезбеди опстанок во Втората машка лига на Македонија

ШК Ласкер Охрид, во согласност со Годишната програмата за работа, финансирана од Општина Охрид, од 06 до 13 јули 2024 учествуваше во Втората машка лига на Македонија за 2024 година.

Во Втората машка лига на Македонија учествуваа 10 екипи, натпреварите се играа на шест табли по Бергеров систем (секој со секого), ШК Ласкер Охрид со една победа, три нерешени и пет порази освои 5 бода и вкупно 22 поена, со што го освои 7 место настапувајќи исклучиво со шахисти од Охрид, со што обезбеди опстанок во втората лига во која ќе се натпреварува и во 2025 година.

За ШК Ласкер Охрид настапија: Гоце Шапкароски, Даниел Андреески, Константин Лушески, Методија Анѓелкоски, Александар Алексовски, Љупчо Попаѓоски, Ванчо Видиќески, Никола Николовски, Михаил Николовски, Даниел Нунески, Јане Шапкароски и Ерол Су, капитен на екипата беше Андон Колоски.


WebOhrid / 13.07.2024 / ШК Ласкер