Скопјанец извршил кражба во Струга
Поради постоење осноови на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.Р.(28) од Скопје.
Пријавениот, на 04.07.2019 година, со употреба на физичка сила отворил прозорец од едукациски центар лоциран на улицата „Владо Малески“ во Струга и одзел повеќе предмети со што се стекнал со противправна имотна корист од 30.000 денари.