Скопјанец нападнал полициски службеник во Струга
На 03.04.2018 година во 03:40 часот во Струга на ул.„Пролетерски Бригади“ при вршење на службени дејствија од страна на двајца полициски службеници од Полициската станица Струга било сопрено патничко моторно возило со скопски регистерски таблици.
На лицата во возилото им биле побарани документи за идентификација. По утврдениот идентитет на лицата, Н.И.(23) и В.Ј.(24), двајцата од Скопје, од страна на полициските службеници бил констатиран сообраќаен прекршок односно Н.И. како возач почетник не смеел да го управува возило по 23:00 часот. Откако едниот полициски службеник му кажал дека ќе му биде издаден мандатен налог, Н.И. почнал вербално да го навредува со погрдни зборови, му упатувал закани по животот, а потоа и физички го нападнал. Н.И. бил приведен во Полициската станица Струга за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Струга. Се работи на целосно расчистување на случајот.