23/11/2024
Охрид

Скопјанец со нож прободел охриѓанец

На 02.05.2020 во 17:40 часот било пријавено дека во Охрид на улицата „Кузман Капидан“ по претходна расправија Б.М.(40) од Скопје со нож му нанел неколку убодни рани во пределот на стомакот на У.И.(37) од Охрид.

У.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Охрид за укажување на лекарска помош.

Б.М. бил приведен во полициска станица, а пронајден бил и ножот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.