Скопјанец со возило излета надвор од коловоз на патот Охрид-Кичево
На 28.01.2022 година во 06.20 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај влезот за аеродромот во Охрид, патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(64) од Скопје излетал надвор од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид извршија полициски екипи од СВР Охрид.
ВебОхрид / 29.01.2022 / СВР Охрид