Скопјанка фалсификувала фактура од охридски хотел
Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.Д.(39) од Скопје и против правно лице Друштво за туризам, промет и услуги „Њу вејс оф травел“ДООЕЛ Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување или уништување деловни книги”.
Пријавената, во својство на сопственик и управител на правното лице, во деловна исправа-фактура од 17 јуни оваа година, внела невистинити податоци односно фалсификувала фактура со цел да прикаже дека е изготвена од хотел во Охрид, за престој на гости во хотелот, а врз основа на претходен склучен договор на „Њу вејс оф травел“ со МАНУ за реализирани услуги при хотелско сместување. Пријавената, со цел да се стекне со противправна имотна корист, во фактура од правното лице внесла фалсификуван износ од 70,866 денари, по што ја употребиле како да е вистинита, иако оригиналната фактура од хотелот била во износ од 41. 654,оо денари.