23/11/2024
Струга

Скопјанка со лажен идентитет отворила две фирми во Струга и зела брзи кредити во име на лицата кои ги вработила

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.С.(45) од Скопје.

Таа, во текот на 2023 година, користејќи лажен идентитет, во Струга отворила две фирми и со три лица склучила договор за вработување, по што ги искористила нивните податоци и во нивно име извршила електронско аплицирање за брзи кредити.

Одобрените пари, потоа ги префрлала на друга трансакциска сметка и ги користела за свои потреби.

На тој начин пријавената се стекнала со имотна корист од 319.706 денари.


WebOhrid / 05.03.2024 / СВР Охрид