22/11/2024
Македонија

Скопскиот брас квинтет во Македонската филхармонија со музика од Битлси и Квин

Вечерва, во камерната сала на Македонската филхармонија во 20 часот, концерт ќе одржи Скопскиот брас-квинтет…

Формацијата во состав: Александар Илијевски и Вилијам Бараковски – труби, Благоја Василевски – хорна, Никола Ристевски – тромбон и Александар Ниниќ – туба, за првпат кај нас, на лимени дувачки инструменти , ќе ги изведе познатите теми од легендарните групи „Битлси“ и „Квин“.

Членовите на Скопскиот брас-квинтет се редовни членови во националните музички куќи – Македонската филхармонија и Македонската опера и балет, како и надворешни соработници во Градскиот дувачки оркестар, Биг-Бендот на МРТВ и Биг-Бендот на Здружението на Џез-музичари на Македонија.