Скршил апарат во казино и го нападнал вработениот од обезбедувањето
На 29.12.2018 година во 02:45 часот во казино лоцирано на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир. Тука, видно под дејство на алкохол, лицето Љ.Т.(25) од охридското село Лескоец, со рака скршил еден електронски апарат по што физички го нападнал Г.Д.(41), работник на обезбедување на казиното, кој се обидел да го спречи во понатамошното оштетување на апаратите.
Сторителот на нарушувањето е приведен и против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.