Славески: Ќе ја намалиме невработеноста под 10%, имаме нов развоен модел за Обнова на Македонија
Интегрален текст од изјава за медиуми – Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани,
Добар ден, сакам при крајот на кампањата на предвремените парламентарни избори во Република Македонија да укажам на некои клучни поенти од програмата „За Обнова“ проектот „За Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ.
Овој документ кој што го презентиравме во изминатите 17- 18 дена далеку ги надминува рамките ,границите на една програма предизборна на една политичка партија.
Имено се надевам односно убеден сум дека надлежни институции, научници и други во Република Македонија ќе заклучат дека ние подготвивме документ кој што е среднорочна стратегија за развој на Република Македонија.
Почитувани граѓани да потсетам на некои од клучните таргети и поенти кои што ги слушавте изминатиот период од страна на нашите претставници на претседателот Мицкоски, нашите носители на листи, членовите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Ние нудиме нов развоен модел кој што ќе овозможи раст на нашата економија врз стабилна основа од 4 до 5 % во наредниот 4 годишен период.
Се обврзуваме невработеноста да ја намалиме на под 10 % на реална основа.
Понатаму, ќе обезбедиме и раст на платите и во приватниот и во јавниот сектор од просечно 25 %.
Пензиите ќе растат во согласност со порастот на платите и порастот на трошоците за живот и секако ќе бидат во корист на пензионерите.
Почитувани,
Оваа економска програма, економскиот дел на програмата на ВМРО-ДПМНЕ се темели на 3 клучни столбови. Имено како што кажав ние нудиме нов развоен модел кој ќе испорача висок и стабилен раст на македонската економија кој што ќе биде во корист на сите граѓани на Република Македонија.
Првиот столб е креирање на услови за подобра бизнис клима. Имено ова ќе го постигнеме со јакнење на капацитетите на државата пред се преку бескомпромисна борба против корупцијата и сивата економија.
Имено, во недостаток на идеи и можност за критика нашиот политички опонент СДСМ во изминатиот период упатуваше на тоа дека наводно нашата програма Обнова на Македонија потсетувала на преродбата во 100 чекори со која што сериозно го поразивме СДСМ на парламентарните избори во 2006 година. Тоа не е точно, ако во нешто потсетува оваа програма е на тогаш даденото ветување кое што го исполнивме дека според индексот за перцепција на корупцијата која што е светски показател за нивото на корупција на една земја ќе ја намалиме корупцијата во Република Македонија така што од последната третина каде што сега се наоѓаме на срамното 106 место ќе ја поместиме Република Македонија со мерки за спречување на корупцијата во првата половина од рангираните земји.
Понатаму предвидуваме во рамките на овој прв столб на економската програма дигитална трансформација и професионализација на јавната администрација зајакнување на јавните финансии со преструкурирање на буџетот каде што ќе се зголеми значително не само планирањето не само извршувањето туку и реализацијата на капиталните инвестиции кои што се покажаа како што видовме многу слаба точка во досегашното владеење на СДСМ.
Вториот столб на економската програма е развој и јакнење на конкурентен приватен сектор. Најголемиот дел од македонските граѓани нивната егзистенција ја остваруваат во приватниот сектор и ние во тој нов развоен модел се обврзуваме да подготвиме и спроведеме модерна извозно ориентирана индустрализација во Република Македонија.
За оние што не критикуваат за овој пристап само да споменат дека моделот на кои што се развиваше македонската економија во овие изминати 30 години посебно во годините на владеењето на СДСМ е исцрпен тој е како испостена нива која што дава многу слаби резултати таа нива треба да се култивира со нов пристап да собираме да жнееме плодови кои што ќе ги почувствуваат сите македонски граѓани.
Само да потсетам поради тоа што оваа изјава ја давам од градот Охрид јас сум растел тука се сеќавам на времето кога во индустријата во Охрид имаше вработено 20 000 работници имено туризмот е благопријатна гранка ние правиме се да го потпомагаме да го развиваме затоа што Охрид е нашиот бисер, но се разбира тоа не може да биде единствената гранка на која што ќе се потпира егзистенцијата на локалното население и на поширокиот регион.
Од тука со паметни политики сакаме извозно ориентираните компании ги помогнеме на секој начин онаму каде што нашата конкурентност дозволува да создаваме производи со нова вредност.
И третиот столб е градење на интегриран национален иновациски систем и поддршка на ИКТ секторот. Ова се однесува на територијата на цела Република Македонија секако и во овој дел од земјата голем дел на млади кои што остануваат во земјата остануваат за среќа во Република Македонија својата егзистенција ја остваруваат во овој сектор.
Сакам да споменам дека за разлика од паушалните оценки пристапот во програмата на СДСМ која што не е ништо друго туку некој отчет односно правдање за нереализираното еве на пример сега тие за се имаат оправдување ако ги прашате зошто и по три години владеење немаат мрднато од мртва точка во реализацијата или изградбата иако тоа го ветуваа на автопатот Кичево – Охрид, патниот правец сега е во очајна состојба и во овој период, нели летен период ќе најдат некое оправдување обвинувајќи ја претходната власт, нели која што не е на власт веќе четврта година.
Овие наши ветувања се базирани на јасна и прецизна методологија со конкретни проекти кои се временски, буџетски димензионирани. Ова е гаранција дека тие ветувања се реални и ќе бидат реализирани во наредните четири години, за разлика од ова програмата на СДСМ како што реков нема ниту буџетирање, ниту рокови, само еден список на желби.
Почитувани,
За да ја реализираме оваа амбициозна програма со 1000 или повеќе од 1000 проекти кои што се точно временски димензионирани и буџетирани, свесни за состојбата во која што се наоѓаме на погоденост на економијата од Корона кризата ние подготвивме преодна стратегија за справување со здравствената и економската криза.
Имено, да спомнам дека од аспект на даночната политика веќе е многу јасно граѓаните тоа го слушнаа ние не само што стануваме, го враќаме рамниот данок туку и дополнително ќе ги намалиме стапките на 8% во наредните две години од практикување на власта доколку ја добиеме довербата на граѓаните.
Она што е важно за еден од најпогодените сектори, туризмот и угостителството предвидуваме намалување на стапката на оданочување на услугите, од постојните 18 проценти на 10 проценти.
Само неколку мерки кои што ги предвидуваме во таа преодна стратегија за поддршка на погодените сектори а посебно на извозните компании ќе споменам во оваа прилика.
Имено, оние средства кои што досега беа и со наша поддршка нели дистрибуирани или поделени на погодените компании за исплата на минимална плата, предвидено е компаниите да ги враќаат во текот на наредната година доколку остварат позитивни финансиски резултати.
Ние кажуваме не, на компаниите тие средства им се потребни и тие ќе останат кај нив.
Понатаму, предвидуваме поддршката за погодените сектори, затоа како што гледаме кризата не завршува и не и се гледа крајот, да продолжи понатаму и во месеците јули и да ја разгледаме можноста и за август.
Исто така предвидуваме поддршка и за домаќинствата, односно за граѓаните, а кај извозните компании поради тоа што се разбира се крвотокот на македонската економија предвидуваме низа мерки на поддршка од финансиска, понатаму поддршка во изнаоѓањето на партнери, пазари, обука на работната сила итн инт.
Почитувани граѓани,
Се надевам дека овие наши пораки кои што се пораки упатени од сериозни луѓе, луѓе со искуство во водењето на политики и управување на институции, стигнаа до вас и се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ со ваква реална програма ќе ја добие довербата на граѓаните за да ја раководи владата за да испорача и овозможи обнова на Македонија во наредните 4 години.