23/11/2024
Охрид

Фестивалот „Охридско Лето“ ги обновува контактите и соработката со фестивалите од регионот

Вчера во Љубљана директорката на фестивалот „Охридско Лето“ Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот Одбор на фестивалот, Нина Момироска остварија работна средба со Дарко Брлек, директор на „Љубљански Фестивал“.

На средбата која се реализира по покана на „Љубљански Фестивал“ беа разменети искуства на двата фестивали, а се разговараше и за идни планови и проекти кои би ги работеле двата фестивали, а се однесуваат на почнување на заеднички активности околу преговарање за настап на големи светски имиња од класичната музика.

Големиот вљубеник во класичната  музика кој дваесет и седум години е директор на „Љубљански фестивал “ г-дин Дарко Брлек од страна на директорката Наташа Поповиќ лично бил поканет да присуствува на следното „Охридско Лето“ , а тој со задоволство како гостин го најавил своето присуство на наредното фестивалско издание.

Во следните месеци директорката Наташа Поповиќ ќе оствари работни средби уште со директори на неколку познати фестивали од регионот.