Сметките од EVN со нов изглед
EVN ги дистрибуираше новите сметки за потрошена електрична енергија.
„Започнувајќи од овој месец, вашата фактура за електрична енергија е со нов изглед. Целта на новиот изглед на фактурата за електрична енергија е да обезбеди поголема функционална организираност на сите потребни информации, поврзани со потрошувачите на електрична енергија.“ – истакнуваат од EVN.
Што сè содржи вашата сметка?
- На самиот почеток се личните податоци за корисникот, неговата адреса, бројот на корисник и бројот на фактурата.
- Во правоаголната табела се означени податоците за испорачана електрична енергија во висока и во ниска тарифа со споредбени податоци.
- Има многу начини како да се намали потрошувачката на електрична енергија, а да се задржи истиот комфор на живот. Дел од нив ќе најдете на втората страница на фактурата за електрична енергија.
- Начинот на кој може да ја платите фактурата и опциите за плаќање, ќе ги најдете во вториот дел од задната страна.
WebOhrid