22/11/2024
Спорт

Со ноќната трка утре во 21 часот ќе означи почетокот на третото издание на Охрид трчаТ

Ноќната трка која ќе се одржи во петок со почеток во 21 часот ќе означи почеток на третото издание на спортската манифестација Охрид трчаТ, која богата програма има на 1 и 2 јуни.

Стартот на Ноќната трка е во близина на фитнес зоната Амброзија, додека завршницата е на Кејот „Македонија“ пред Центарот за култура „Григор Прличев“. Трката е со рекреативен карактер и нема возрасни ограничувања и е отворена за сите кои сакат да трчаат, забавуваат и дружат.

Сите заинтересирани мора да дојдат половина час пред почетокот на трката и задолжително да понесат со себе позитивна енергија. После завршување на трката учесниците ќе уживаат во ладното пиво и „паста забава“ спонзорирана од Хотел Нова Ривиера и Бонанца која ќе биде зачинета со концерт во живо популарната група Броз, ди-џеј Ванчо Јованоски и Никола Тони Перкашн.

В сабота на 1 јуни пред Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одвива експото и панел дискусијата на која ќе учествуваат директорите од полумаратоните во Дубровник, Мостар и Бања Лука.

Главниот настан на кој ќе учествуваат рекорден број на натпреварувачи 1 585 ќе се одржи на 2 јуни.