Со нож повредил двајца стружани во угосителски објект
На 30.12.2017 година околу 00:40 часот во угостителски објект во Струга, при меѓусебна расправија Ф. Ш. (33) со нож им нанел повреди на Д. С. (17) во пределот на раката и Д.Џ. (23) во пределот на стомакот, сите од Струга.
Двајцата се пренесени во Медицински Центар-Струга и по укажаната лекарска помош Д.С е пуштен на домашно лекување додека врз Д.Џ. се врши хируршка интервенција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.