26/11/2024
Охрид

Со пригодна програма одбележани 1010 години од смртта на Цар Самоил

Со пригодна свеченост што се одржа денеска во големата сала на Општина Охрид, беа одбележани 1010 години од смртта на Цар Самоил.

Во рамки на настанот беше изведена драмата „Херувимите на Самоиловата круна“ од  македонскиот драматург Зоран Пејковски во изведба на детското –драмско студио „Цвет 75“ од Охрид, под менторство на Драгана Боцеска.

Како дел од музичката програма, свој настап имаа учениците од ООУ„Ванчо Николески“ под менторство  на Марија Крцоска и Маријана Крстаноска.

Настанот го организираше Општина Охрид, како дел од годишната Програма за одбележување празници и манифестации.


WebOhrid / 04.10.2024 / Општина Охрид