Со закани кон Шумската полиција го барал одземениот камион со дрва
Поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.Ќ.(51) од струшкото село Велешта.
Тој, на 23.09.2020 година, во просториите на Шумската полиција во Струга, упатил закани кон вработено раководно лице, барајќи да му биде вратен претходно одземениот камион со дрва.