Собор на сите македонски светители и Архиепископски црковно – народен собор
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на:
06. октомври 2018 година (сабота), по повод празникот „Собор на сите македонски светители“ и Архиепископскиот црковно-народен собор, во манастирот св.Климент и св.Пантелејмон Плаошник Охрид во:
- 17:15 часот ќе се служи молебен канон на св. Климент Охридски
- 18:15 во катедралната црква св.Софија – Охрид свечена духовна академија.
На 07. Октомври 2018 година (недела), во катедралниот храм Света Софија – Охрид, со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.
На овој ден богослужба ќе има само во црквата Св. Софија – Охрид (едноцрквие).
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.