Собрани над 2 илјади евра за лекувањето на Ева
Бројните хуманитарни настани, посветеноста на волонтерите и вработените во Црвен крст Охрид, хуманоста и солидарноста на охриѓани и гостите, поддршката и помошта на музичари, пејачи, поединци, фирми, институции придонесоа од 24.05. 2018 до денес 28.05.2018 година, за помош во лекувањето на нашата 11-годишна сограѓанка Ева, во касите на Црвен крст Охрид да бидат собрани 123.824 денари.
Хуманитарната собирна акција за помош на Ева продолжува и наредните денови. Собирни каси на Црвен крст Охрид има во голем број маркети, кафулиња, ресторани, а волонтерите на Црвен крст Охрид собираат донации и на улиците во Охрид.