22/11/2024
Македонија

Софија: Министерот Дураки на 21 Екофорум за еко-иновации

Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, денес учествуваше на Конференцијата за еко- инвестиции за квалитет на воздухот (21 Европски форум за еко-инвестиции) која се одржува денес и утре во Софија.

Конференцијата се организира во рамките Бугарското претседавање со Советот на Европа и има за цел да ги испита еко-иновативните решенија за подобрување на квалитетот на воздухот. Форумот ги собра компаниите и јавните власти кои веќе успеале да развијат и имплементираат ефикасни нови технологии или иновативни модели за бизнис и управување, и оние кои бараат такви решенија и практики.

Исто така се дискутираше и за тоа како ќе се обезбеди финансирањето за еко-иновативни решенија.

Овој настан е заеднички организиран од Генералниот директорат на Европската комисија за животна средина и Министерството за животна средина и вода на Република Бугарија.

Во рамките на посетата министерот Дураки оствари работна средба со бугарскиот министер за животна средина и води, Нено Димов на која се дискутираше за можностите за унапредување на соработката во областа животна средина помеѓу двете министерства. Посебен интерес беше посветен на позитивните искуства на градот Софија кој има воспоставено модерен и интегриран систем за управување со комунален отпад кој ги задоволува барањата на европското законодавството за отпад. По средбата министерот Дураки го посети градското претпријатиеје за управување со отпад каде остври средба со директорот на претпријатието и тимот на општината.