22/02/2025
Македонија

Сојузнички концерт во чест на Денот на НАТО

Во чест на 70-годишнината на НАТО, во Националната филхармонија во Скопје, воените оркестри на вооружените сили на Република Северна Македонија, САД, Обединетото Кралство, Грција и Република Словенија одржаа заеднички концерт.„Навистина ми причинува задоволство што денеска на ваков начин можеме да го славиме денот на НАТО, но и ден посветен на нашите сега веќе успешно реализирани амбиции. Заедно сме секогаш посилни. Убедена сум дека петте воени оркестри на Република Северна Македонија, на Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Грција и Словенија ќе ни приредат настан чиешто ехо ќе зборува посилно од било кој збор“, рече министерката Шекеринска на почетокот на концертот.

Припадниците на здружениот оркестар, концертот го започнаа со интонирањето на химните на НАТО и на нашата татковина, по што продолжија со изведба на впечатливи композиции од репертоарот на оркестрите на 5-те армии.