Сојузот на борци ќе одржи трибина по повод 76 годишнината од Второто заседание на АВНОЈ
Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод 76 годишнината од Второто заседание на АВНОЈ од 29 Ноември 1943 година, ќе организира историски час на тема „Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава“.
За овој значаен настан ќе зборува Наце Иваноски – професор по историја.
Трибината ќе се одржи на 29 Ноември (петок) во просториите на ОУТУ „Ванчо Питошески“ Охрид, со почеток во 10:30 часот.