27/11/2024
Спорт

Солидни резултати на членовите на ШК Ласкер – Охрид на Државните првенства за млади 2019

Членовите на ШК ЛАСКЕР Охрид постигнаа солидни резултати на Државните првенства во шах за млади 2019г што се одржаа од 26 април до 01 мај 2019 година во хотел „Дрим”-Струга, во организација на Шаховската федерација на Македонија.

На Поединечните првенствата на Северна Македонија за млади за 2019г учествуваа 83 млади шахисти поделени во седум категории.

Ш. К. Ласкер Охрид учествуваше со 12 млади шахисти, нашите членови ги постигнаа следните резултати:

  • во категорија до 08 години момчиња Марко Котлар го освои 10 место.
  • во категорија до 10 години девојчиња златен медал и пехар Емилија Лушеска, со право да ја претставува Република Северна Македонија на Европското поединечно првенство за млади за 2019г.
  • во категорија до 10 години момчиња Теодор Спасески го освои 11 место.
  • во категорија до 12 години девојчиња Елена Лушеска бронзен медал, Елена Стојоска го освои 5 место.
  • во категорија до 12 години момчиња Јулиан Матески сребрен медал, Матески Стефан 7 место, Николовски Михаил 8 место.
  • во категорија до 14 години момчиња Константин Лушески 6 место, Велкоски Иван 8 место, Николовки Никола 10 место, Целески Никола 15 место.

Комплетни резултати по категории можат да се видат на: http://chess-results.com/tnr433049.aspx?lan=1&art=1&turdet=YES