22/11/2024
Македонија

Сообраќајка во Кичево, повреден пешак

На 06.07.2020 во 12.15 часот било пријавено дека во Кичево, на ул.„Исеин Акиоски“ патничко возило „форд ескорд“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(21) од Кичево, удрило во патничко моторно возило „опел вектра“, со охридски регистарски ознаки, паркирано од М.О.(43) од Кичево, а потоа и во пешакот М.Ш.(60) од Кичево и во патничко возило „опел астра“, со кичевски регистарски ознаки, паркирано од В.Ш.(32) од Кичево.
Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани  во Медицинскиот центар Кичево, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.