Сообраќајна несреќа помеѓу возило на брза помош и жена велосипедист
На 15.08.2024 во 18:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата од бул.„Туристичка“ и ул.„Стив Наумов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило на Итната медицинска помош „рено мастер“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.Н.(58) од с.Горно Лакочереј, охридско и велосипед управуван од В.К.(67) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид изврши увидна екипа на СВР Охрид.
WebOhrid / 16.08.2024 / СВР Охрид