22/11/2024
Охрид

Сообраќајни незгоди на патот Кичево-Гостивар и Охрид-Кичево

На 01.08.2019 во 10,40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај превојот Стража, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Ауди А6“ со скопски регистаски ознаки, управувано од М.С.(42) од Студеничани-скопско и патничко моторно возило “Фолксфаген Голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.М.(19) од с.Вранештица-кичевско. Во незгодата со повреди се здобиле возачот од возилото “Фолксфаген Голф“ кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, потоа сопатник од истото возило како и тројца сопатници од возилото “Ауди“ кои биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

На 01.08.2019 година во 19.40 часот, на магистрален пат Охрид -Кичево, помеѓу селата Горенци и Требеништа, случена е сообраќајна незгода во која учествувале патнички автомобили марка ,,Волво“ со охридски регистарски ознаки управувано од П.П.(30) од Охрид, комбе „Мерцедес Спринтер“ со струшки регистарски ознаки управувано од З.Џ.(46) од Охрид и „Пасат“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од М.Е.(33) од Гостивар. Во незгодата со телесни повреди се здобил Г.С.(39) од Скопје, сопатникот во возилото комбе „Мерцедес“. На местото на сообраќајната незгода увид извршија полициски екипи.