Соопштение од МОН
Програмата Стипендиум Хунгарикум (Stpendium Hungaricum) на Владата на Унгарија за учебната 2017/2018 година за кандидати од Република Македонија доделува вкупно 20 стипендии, и тоа за:
– 7 стипендии за целосни додипломски (BA/BSc), првенствено од областа на инженерските, земјоделските и природните науки, технологија, медицина, економија, уметности;
– 7 стипендии за целосни последипломски студии (MA/MSc), исто така од горенаведените области;
– 2 стипендии за целосни едно – циклусни (one-cycle) студии од сите области од интерес;
– 4 стипендии за целосни докторски студии (PhD/ DLA) од сите области од интерес, по добивањето на согласност од соодветната високо образовна институција.
Доколку студиите се изведуваат на некој странски јазик, потребно е кандидатите да го познаваат тој јазик на ниво кое го бара институцијата домаќин (универзитетот).
Доколку студиите се изведуваат на унгарски јазик, пред отпочнувањето со студии, прифатените студенти треба задолжително да посетуваат едногодишни подготвителни курсеви за унгарски јазик.
Стипендијата го покрива следниве трошоци:
– Школарина;
– Сместување во студентски кампус во институцијата домаќин или надоместок во ХУФ месечно;
– Здравствено осигурување;
– Месечна стипендија согласно со постојната законската регулатива која се однесува на унгарските студенти, вклучувајќи ја и првата година за подготвителени курсeви;
– Патните трошоци за патување во Унгарија се на товар на кандидатите;
Сите подетални информации за начинот, критериумите и потребните документи за аплицирање и студирање, како и листа на државните унгарски универзитети, факултети и колеџи и целосниот текст на Конкурсот (Cal for application 2018-2019) може да се најдат на: www.stipendiumhugaricum.hu.
Начин на аплицирање:
Аплицирањето се врши исклучително по електронски пат, а формуларот за аплицирање може да се симне од горенаведената интернет страна.: (www.stipendiumhugaricum.hu).
Комплетниот пакет со бараните документи за аплицирање се доставува по електронски пат на истата оваа интернет страна, за што online системот е отворен до 16 февруари 2018 година, do 12:00 h .
Освен ова, потребно е секој кандидат истата апликација за стипендија од Програмата Стипендиум Хунгарикум, со сите барани документи, истовремено да ја достави на следнава e-mail адреса во Министерството за образование и наука:
katerina.sumanovska@mon.gov.mk .