26/11/2024
Охрид

Соопштение за градежни работи на улица „Македонски Просветители“

Поради изведување на градежни работи на ул. „Македонски Просветители“   (втора фаза)  на потегот од крстосницата  на оваа улица со улицата „Димитар Влахов“ до крстосницата со улица „Партизанска„ (позади ТЦ Амам) од ден 31.01.2022 година (Понеделник) на горенаведениот потег се забранува запирање и паркирање на моторни возила. Во период додека трае втората фаза од реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“ – такси станицата лоцирана во џебот пред Пошта Охрид времено се дислоцира на почетокот од улицата Партизанска од десната страна гледано во насока на движење.

Делот од коловозот на овој потег каде се одвива еднонасочен сообраќај ќе функционира и понатака со забрана за запирање и паркирање.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон ново воспоставениот времен режим на сообраќај и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.


WebOhrid / 28.01.2022 / Општина Охрид