25/11/2024
Охрид

Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација за нацрт ДУП за УЗ 2, дел од УБ 2.3-опфат 5 КО Охрид 3

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 08/07 и 01/08), а во врска со член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ. бр.51/05, 137/07, 24/08, 91/09, 124/10, 18/11, 144/12, 55/13, 163/13, и 42/14) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. Весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на општина Охрид, донесе:

СООПШТЕНИЕ

ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ  НА  ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАЦРТ  ДУП ЗА УЗ 2, ДЕЛ ОД УБ 2.3-ОПФАТ 5 КО ОХРИД 3

 

СЕ ОРГАНИЗИРА

јавна анкета и јавна презентација за НАЦРТ ДУП ЗА УЗ 2, ДЕЛ ОД УБ 2.3-ОПФАТ 5 КО Охрид 3, изработен од ,, Човек и Простор,,дооел Охрид со технички број 18 РА/12 од септември 2023 г.

1.Планскиот опфат на НАЦРТ ДУП ЗА УЗ 2, ДЕЛ ОД УБ 2.3-ОПФАТ 5 КО ОХРИД 3 со површина од 0.85 ха и неговата местоположба е дефинирана во границите на:

– на север, овој простор се граничи со КП бр. 14985 (средно економско училиште),

– на исток со КП бр. 15541 (детска градинка Јасна Ристеска),

– на југ се граничи со сервисната  улица Димитар Влахов и

– на запад со станбената улица Мите Богоески.

  1. Јавната анкета ќе трае од 16.10.2023 – 31.10.2023 год.

  1. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на Општина Охридна ден 30.10.2023год. со почеток во 12.00 часот.

  1. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица, планот освен на електронскиот систем е-урбанизам, ќе  биде истакнат во холот на Општина Охрид пред големата сала за состаноци, ќе биде објавен на web страната на Општина Охрид, а соопштението за организирање на ЈА и ЈП ќе биде објавено во две јавни гласила.

  1. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13 до 15 часот во просториите на Општина Охрид.

  1. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган во писмена форма.

НАЦРТ ДУП ЗА УЗ 2, ДЕЛ ОД УБ 2.3-ОПФАТ 5 КО ОХРИД 3ИНТЕРЕН ОГЛАС

АНКЕТЕН ЛИСТАНКЕТЕН ЛИСТ


WebOhrid / 17.10.2023 / Општина Охрид