Состанок на личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, со министрите за надворешни работи на Р. Македонија и Грција
Денеска, во канцеларијата на ОН во Виена, личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц, имаше заедничка средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. По конструктивната средба која е дел од напорите за наоѓање на заедничко прифатливо решение за надминување на разликата околу името, Министрите за надворешни работи се согласија да ги продолжат напорите под покровителство на ОН.