23/11/2024
Дебрца

Состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Дебрца

Вчера се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Дебрца, како кризен штаб во врска со состојбата со корона вирусот, КОВИД – 19 и мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство, на кој беа донесени следните заклучоци и оперативни мерки во насока на заштита на граѓаните:

Во целост да се почитуваат задолженијата и препораките од Владата и Министерството за здравство во врска со состојбата со корона вирусот ;

Граѓаните на минимум да ги редуцираат своите активности во однос на локалната самоуправа ;

Се воведува нов режим на влегување во општината за странките. Во општината ќе можат да влегуваат само странки, кои имаат итни и неодложни работи во однос на општината, при што задолжително на влезот ќе ги дезинфицираат рацете со дезинфикционо средство,

Другите странки се упатуваат по можност своите контакти со општината да ги остваруваат телефонски или електронски , преку активните телефонски линии и веб сервиси на општината ;

Градоначалникот на општината времено го откажува приемот на странки и со него за итни потреби може да се комуницира телефонски или електронски, на телефон 070 482 889, официјалниот меил на општината: contact @debrca.gov.mk или неговиот личен меил: nogaceski@yahoo.com ;

Се задолжува општината, јавното претпријатие и основното училиште да набават дезинфикциони средства и заштитна опрема за вработените во доволни количини и да извршат дезинфекција на работните простории;

Се задолжуваат сите превозници кои вршат општински линиски превоз на патници возилата со кои го вршат превозот секојдневно да ги дезинфицираат, а возачите задолжително да носат маски и ракавици, додека на такси превозниците им се препорачува да ги следат мерките кои важат за општинските линиски превозници на патници ;

Да се формираат мобилни општински тимови за помош на изнемоштени, хронично болни, стари лица и лица со посебни потреби заради купување на намирници и лекови ;

Од буџетот на општината да се издвојат финансиски средства за набавка на основни животни намирници и средства за хигиена за семејства и лица со положба на социјален ризик ;

МВР, ПС Охрид со ангажирање на патролни служби да ја следи состојбата и особено да ги известуваат и предупредуваат лицата кои доаѓаат од ризичните земји зафатени од корона вирус, а кои не се придржуваат до препораките на Владата да останат во самоизолација наредните 14 дена ;

Матичните лекари кои вршат примарна здравствена заштита во општината да ја следат здравствената состојба на своите пациенти, посебно на постарите и поризични пациенти на вирусот ;

Сите граѓани кои ќе почуствуваат симптоми на корона вирус (покачена температура, сува кашлица ) да се јават во Центар за јавно здравје во Охрид, на следниот телефонски број 046/231 030 ;

На минимум да се редуцираат градежните активности на територијата на општината, а таму каде се работи градилиштата и работниците да се изолираат од месното население ;

Јавното комунално претпријатие на минимум да го редуцира вршењето на комуналните услуги и во целост да ги почитува мерките за заштита на вработените ;

Се задолжува ООУ “Дебрца” – Белчишта да се изнајде начин за изведување на алтернативна настава преку електронско учење од страна на наставниците и учениците ;

Сите трговски друштва во општината кои вршат продажба на стоки за широка потрошувачка во целост да ги почитуваат препораките на Владата и Министерството за здравство во однос на начинот на вршењето на трговската дејност и работното време ;

Граѓаните да избегнуваат собири и подолготрајно задржување во продавниците, бензинските пумпи, организирање на забави во приватни домови на поголеми групи на млади, како и на јавни места во општината ;

Разумно да се купуваат прехранбени продукти во локалните продавници и притоа да се почитуваат препораките за безбедно растојание ;

✅Секој граѓанин да се грижи за своите животни и да ја одржува нивната хигиена.

➡️ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ.
➡️ОД НАС ЗАВИСИ !