Состанок на СВР Охрид за непречен и безбеден сообраќај во зимски услови за оваа сезона
СВР Охрид, со цел непречен и безбеден сообраќај во зимски услови во претстојната зимска сезона 2021/2022 година на подрачјето, организираше работен состанок со претставници од надлежните субјекти и институциите задолжени за одржување на патиштата и улиците како и претставници на фирмите кои изведуваат градежни работи на автопатот во изградба Охрид-Кичево. Претставниците на јавните претпријатија, секторите за комунални дејности, сообраќај и улици, општинските инспекторати, центарот за управување со кризи како и претставници на други релевантни институции задолжени и овластени за одржување на патиштата, ги презентираа оперативните работни планови и мерките за работа во текот на претстојната зимска сезона. Изнесените предлог мерки, се во насока на поголема ефикасност, навременост и координираност на субјектите за состојбите на патиштата и навремени преземања за нивно одржување и функционалност во зимски услови. Договорено е, во работните планови, надлежните субјекти прецизно да ги определат клучните точки на терен со можни безбедносни проблеми, обезбедување и непречено одржување на функционални и соодветни теренски возила, да се ажурира списокот на фирми кои на тендер добиле овластување за одржување на патиштата со оперативен план за дејствување, поседување на возила и материјално технички средства и лица кои ракуваат со истите и задолжени лица за конктакт. Во дел од своите надлежности, ЦУК постојано ќе ја следи состојбата на патиштата на подрачјето и заедно со СВР Охрид, ќе ги координира мерките на сите субјекти, градежните фирми кои изведуваат градежни работи на магистралниот пат Охрид-Кичево да ги решат пропустите констатирани од надзорите на Државниот инспекторат за транспорт и МВР, да преземаат постојано чистење на снежните наноси од коловозот, посебно на местата каде што изведуваат градежни работи, да ја засилат светлосната сигнализација во зимските услови на отежнат сообраќај.
Покрај овие мерки, предвидена е нагласена соработка со агенцијата за патишта, навремено меѓусебно информирање за состојбите со снежни врнежи, наноси и за другите услови на регионалните и магистрални патишта на целото подрачје што го покрива СВР Охрид, целосно придржување до предвидените количини абразивни средства за зимско одржување на коловозите. Договорена е интензивна комуникација и координација на јавните претпријатија со фирмите кои добиле овластувања за одржување на патиштата и улиците а ЈП Комуналец, да изврши отстранување на забавувачите на брзина поставени на коловозите и столпчињата за одделување на велосипедските патеки со цел непречено чистење на коловозните ленти, посебно во централното градско подрачје. Целта на мерки е подигнување на безбедноста во сообраќајот во претстоната зимска сезона и преземање ефикасни и навремени интервенции при евентуални временски неприлики, елиминирање на застои и прекини во нормалното одвивање на сообраќајот. На средбата, СВР Охрид ќе врши зајакнати контроли и преземање на превентивни и репресивни мерки за непостапување по законските прописи и непреземање на мерки од страна на сите субјекти.
WebOhrid / 10.12.2021 / СВР Охрид