25/11/2024
Охрид

Состанок со претседателите од Месните заедници од руралните населени места

Секторот за туризам и локален економски развој, на 24.10.2018 година (среда), во големата сала на општина Охрид, со почеток во 17 часот, организира состанок со претседателите на Месните заедници од руралните населени места. На состанокот ќе се разговара за процесот и отпочнувањето на активностите за изработка на Стратегијата за рурален развој на општина Охрид за периодот 2019- 2025 година.

Основните цели на овој стратешки документ за рурален развој ќе бидат идентификување на концептот, насоките и приоритетите за рурален развој, намалување на разликите во степенот на развојот на урбаниот и руралниот дел на општина Охрид, поттикнување на претприемништво, искористување на можностите за аплицирање на проекти за рурален развој, економски иницијативи за одржлив развој, развој на земјоделството и диверзификација на економските активности со цел создавање услови за креирање на приходи (основни или дополнителни) за локалното население од руралните делови на општина Охрид и поставување на рамка за поттикнување на руралниот развој и посебно руралниот туризам како дел од севкупната туристичка понуда.

За изработка на Стратегијата за рурален развој 2019-2025 , ќе се применуваат методолошки алатки кои во основа го користат принципот на вклучување на сите релевантни засегнати страни при анализирањето на потенцијалите и ресурсите од охридскиот регион за рурален развој, како и идентификување и утврдување на стратешките цели и приоритети во следниве тематски области: инфраструктура, туризам и локален економски развој, урбанизам и животна средина, земјоделство и сточарство и образование и здравство.