СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид организираше Новогодишен базар и собраните средства ги донираа во игротека „Радост“
СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид, организираше Новогодишен базар и собраните средства ги донираа во игротека „Радост“.
„Пружи рака на оној кој му треба! Прегрни го тажниот! Подари трошка надеж! …
Хуманоста стои на врвот на моралните вредности. Нашите ученици тоа го знаат и го покажуваат и докажуваат.
Несебично се вклучија во орагнизацијата на хуманитарниот новогодишен базар за да подадат рака таму каде што треба, да стоплат нечие срце и да измамат насмевки.
Подаруваме многу љубов за секого!
Среќни и радосни празници со една убава мисла од Мајка Тереза: „Секој кој ви се приближува нека си оди од кај вас подобар и посреќен.“ 💖– велат од СОСУ Св. Кирил и Методиј“.
Фото: Игротека Радост