23/11/2024
Писма/Колумни

Совест: Ќе поднесеме кривични пријави против сите инволвирани во нелегалните градежни работи на Али пашината џамија

И покрај сите наши укажувања, надлежните институции инволвирани во нелегалните градежни работи на и околу Али пашината џамија во Охрид, продолжуваат со својот молк и непреземање на соодветни акции и стануваат соучеснци во опасни криминални активности. Наместо реставрација и конзервациаја, на локалитетот во најстрогиот центар на Охрид се извршуваат градежни рааботи, а за нив нема дозвола од ниедна институција.

Актуелниот Министер за култура Роберт Алаѓозовски и покрај јавно дадениот збор, дека министерствто ќе ги прекине градежните работи, до овој момент ништо не презеде тоа реално да се оствари. Оваа неактивност на министерот зачудува, бидејќи и тој има информации дека со големи количества бетон се покриваат остатоци на темели на ранохристијанска црква и базилика со значајни мозаици.

Здружението СОВЕСТ веќе не верува на непоткрепени и неисполнети ветувања и затоа ќе поднесеме соодветни кривични пријави. Ќе побараме и решение за привремено стопирање на градежните работи и соодветна стручно – инспекциска акција, за утврдување на пречекорувањата во процесот на интервенција за обнова на Али Пашината џамија, а за тоа благовремено ќе ја известиме јавноста во наредните денови.

Здружение на граѓани СОВЕСТ Охрид

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.