22/11/2024
Охрид

Советниците од СДСМ Охрид и коалицијата ја напуштија денешната седница

ОО СДСМ Охрид испрати реакција до медиумите во врска со денешната седницата на Советот на општина Охрид.

„Поради грубо кршење на Деловникот за работа на Советот на Општина Охрид и постапување спротивно на Статутот на општината, советниците од СДСМ и коалицијата ја напуштија седницата.

Согласно Статутот, Советот работи на редовни седници. Во зависност од потребите можат да се одржат и свечени и вонредни седници. Денот, времето и местото на одржување на седницата се објавува во локалните средства за јавно информирање најдоцна 7 дена пред одржување на седницата. Во тој рок се доставуваат предлог дневниот ред и материјалите за седницата до советниците. Вонредни седници се одржуваат и во пократок рок за прашања од значење за сигурноста и безбедноста на граѓаните и во случаи на вонредни околности.

Советниците известувањето за одржување на седницата го добија во текот на минатиот ден, а ребалансот на Буџетот не претставува нити прашање од значење за сигурноста и безбедноста на граѓаните, нити вонредна околност.

Како советничка група секогаш сме на страната на дискусија, разменување на мислења и соочување со факти, но наша основна обврска и должност претставува почитување на Деловникот за работа на Советот и Статутот на општина Охрид.“ – стои во реакцијата од СДСМ Охрид.


WebOhrid / 12.10.2023 / ОО СДСМ Охрид