22/11/2024
Охрид

Советничката група од СДСМ и коалицијата предложи амандман за физичко и патролно обезбедување на училиштата во Охрид

Советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Охрид поднесе АМАНДМАН кон предлог Буџетот на општината за 2024 година.

Амандманот предвидува „Физичко и патролно обезбедување на училишта на територијата на Општина Охрид (објектите и училишните дворови)“ .

„Потребата од усвојување на овој амандман произлегува од неминовноста за превземање сериозни мерки за спречување на евентуални немили настани во образовните институции во нашата општина. Од големо значење за сите нас е обезбедување и унапредување на безбедноста во установите каде престојуваат најмладите. Нивната сигурност и безбедност претставува наш приоритет. Усвојување на овој амандман ќе значи искрена грижа за децата, за нивната безбедност, но и зачувување на опремата и инвентарот во објектите и училишните дворови.

Очекуваме мнозинството од советници во Советот на општина Охрид да го прифати амандманот со што заеднички ќе го занемариме популизмот и политиканството кога се работи за најсуптилната категорија – децата.“ – истакнуваат од Советничката група на СДСМ и коалицијата.


WebOhrid / 26.12.2023 / СДСМ Охрид