Советот на Дебрца додели 100.000 денари за лекување на Сара Настеска
Советниците од општина Дебрца, вчера, во рамки на одржаната 16-та седница, ја усвоија предлог одлуката за доделување еднократна парична помош во висина од 100.000 денари за помош на охриѓанката Сара Настеска на која и е неопходно лекување во Германија.
„На вчерашната седница на мој предлог Советот на општина Дебрца едногласно донесе одлука да се одобри еднократна парична помош, во износ од 100.000 денари за лекување на Сара.
На Сара и посакуваме брзо и успешно закрепнување и да се врати насмевката на нејзиното прекрасно детско лице.“ – напиша градоначалникот Ногачески на својот Фејсбук профил.