23/11/2024
Писма/Колумни

Создадовме партиска (двоглава ламја), ќе се спасиме само како граѓанска држава

Седиме дома, сега веќе присилно, пред телевизорите, рацете ни се – или на тастатурите, или на далечнискиот тв.управувач.

Седи, остани дома, ако сакаш да сеспасиш себе си и сите околу себе!

Од Шпанија и Италија, допираат апокалиптични сцени. Војската пронаога мртви тела, во креветите по старечките домови. Оставени сами – на судбината.

Нема ништо пострашно, велат, од тоа – некој да биде сам во мигот на заминувањето од овој свет!

Тие што ќе преживеат ќе раскажуваат, ама….

Дали на време ја препознавме опасноста? Апсолутно не! Знам со какви шамари бев опсипан, од луге за кои сум мислел дека, сепак, имаат малку акал во главите, мегу нив и колеги! На три дена порано, кога “ПЕКАВ!” за вонредна состојба, до моментот кога беше прогласена.

Дојде вонредната состојба, мерките се заоструваат, само пред нецела недела многу ни беше што ќе остануваме дома само ноќе , сега ќе остануваме и ноќе и дење. И, пак, за нас е малку!

Со своите 70 и кусур години, сум минал низ “сито и решето”. Можеби не сум научил многу, но сум научил дека – она што треба да го преземеме денеска, не треба да го оставиме за утре. Она што денеска ни е неприфатливо, утре со боринче ќе го бараме!
Не секогаш утрото е попаметно од вечерта. Особено не во злодоба.

Дали веќе ни дошол умот, после се? Апсолутно, не!

Немајќи каде, гледам се и читам се. Мегу другото, и се што се циркулира во сајбер просторот. Тука се и официјалните страници на политичките партии.

Дали политичките партии, веќе се престроени, ресетирани, во своето однесување? Апсолутно не!

Не велам дека не даваат добри препораки, апели, предупредувања. Но, тврдам, дека во секое соопштение, при секоја прес конференција, при секое наменско појавување, во друштво со ТВ камерите, со “голо око” можам да го видам партискиот фокус, партискиот дискурс, партиската боја во реченицата!

И кога некому несвесно ќе му се промакне: “ПАВИОТ ПАТ(!)”,те и во официјалното владино соопштение, ќе прочитате, како, тој и тој, “напоменал дека треба да застанеме НА ПРАВ ПАТ (!) во ширењето на корона вирусот”!?

Незнам што работаат таму лугето во Министерството на вистината (и незнам дали и во Северна Корекја, веќе, пости таков орган!?), колку луге броји тој, такавикан ресор за транспарентност ( и покрај сите такви ресори по министерствата и јавните претпријатија!), но, знам, сеуште добро се сеќавам, дека тој владин “ресор”, во форма на Канцеларија за односи со јавност, самиот, еден период, го водев со една техничка секретарка. Сосема волонтерски, без денар додаток (жива е Наташка Савова!), заедно со уште неколкумина други колеги – волонтери. Зоран Иванов и уште неколкумина. И толку.

Кој како сака нека ме чита. И како самобендисан, и како фалбаџија, но така беше. Кој не верува, нека провери.

Невидливиот партиски дискурс, го читам и кога Премиерот ќесе појави во јавноста со “своите!” од Министерството за внбатрешни раб оти. Премиерот не е било кој. Премиерот сега е надежта, спасот на оваа нација. Сите очи се свртени кон него. Не велам дека не си ја врши убаво работата. Но, секое негово појавување е порака. Сакам, уште денеска, да го видам заедно со министерот Чулев. Не од каприц, не од злонамера,не од мајтапење. Чисто како гаранција за моето здравје и здравјето на сите околу мене.

Веќе пишував за вербалните несташлуци на мојот роднокраец (по мајка) Александар Николоски. Не сакам од него повеќе да слушам: апели ,совети и барања, ниту пак понуди – во смисла дека имаат лекарски екипи што ги ставаат на располагање! Можеби претерувам, ама, сакам Александар Николоски и Дамјан Манчески (потпретседатели) да ги видам на заедничка прес конференција.
Сакам, во двојка, нека биде и на растојание од 2 метри, така да ги видам и Заев и Мицкоски. Не сакам едни мерки да предлага Заев, а други контра-мерки Мицкоски. Не сакам да помислам дека мерките на едниот се штетни, во однос на мерките на другиот, но сакам ЕДИНСТВЕНИ МЕРКИ!

И, како што не сакам Александар, или Мицкоски да се размавтуваат со свои ВМРО-ски лекарски тимови и експерти, исто така, не сакам Заев, во прво лице и импиративно, да ми кажува какви мерки се преземаат за спас на стопанството.\

Потпретседателот на СДСМ е премиер. Ресорниот министер во владата е од СДСМ. Не велам дека Заев сега треба да си седи дома, но, јас му верувам на тимот кој прогласи вонредна состојба, им верувам на Оливер, Филипче и екипата, и не сакам, одстрана, мерки – пред заштитниот знак на СДСМ, односно ВМРО ДПМНЕ.Исто така, не сакам, министрите на ДУИ, денеска во владата да се сојузуваат со СДСМ, а утре со ВМРО ДПМНЕ!

Не дека Заев и Оливер не треба да се договараат. Не дека не знам кој е кој, кој “коси а кој вода носи!”, но, не сакам тоа јавно да го гледам од екраните.

И не сакам она младо момче од СДСМ, што беше портпарол, или така некако во парламентот, полно со себе, да не кажам – видливо надмено, да се расправа и надмудрува , пред мене, со политичките опоненти.

Владата има портпарол, има алабилер пијар-јадолепци, сакам од таму, од еден центар, од Кризниот штаб, или како го викаат, јас моите деца, внуците, комшиите,пријателите, сите во државата, да добиваме воедначени изјави и пораки, мерки и препораки.

Сакам да добијам уверување дека нашата колективна свест се преломила, дека сме се ресетирале, дека веќе размислуваме граѓански, дека на работите гледаме здраворазумски и општо национално, ане преку партиски очила и тесно партиска диоптрија.
Ете, само тоа го сакам, ако не е премногу!

Јас можам само толку и да си седам дома.

Останете дома!

Веле Митаноски

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.