Спасовски: Активно се постапува по 7 оперативни акции, за 9.5% е намален вкупен криминалитет
Тој објасни дека организациските единици во Бирото за јавна безбедност активно постапуваат по седум оперативни акции, кои даваат видливи резултатите, и издвои дел од нив: „Меѓу покрупните реализации би ја потенцирал кривичната пријава од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР до Основното јавно обвинителство Скопје против 36 лица, од кои осум вработени во МВР, поради основано сомнение дека издавале возачки дозволи на лица без положен возачки испит, како и против 28 граѓани, поради сомневање дека сториле поттикнување во извршување на наведените кривични дела.
Исто така, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, во соработка со Јавен обвинител од ОЈО Скопје, сузбија криминална група, чии членови- вработени во Управните служби на МВР, злоупотребувајќи ја службената положба, издавале македонски патни исправи злоупотребувајќи туѓ идентитет. Пријавените овозможиле на вкупно 215 лица, од кои 214 странски државјани и еден државјанин на Северна Македонија, да се стекнат со македонска патна исправа под туѓ идентитет“.