25/11/2024
Македонија

Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ лаже, поднесов барање Антикорупциска да отвори случај

„Одговорно тврдам дека ниту јас ниту член на моето семејство нема удел во било која компанија ниту во државата ниту надвор од државата, ниту денеска ниту во минатото и денеска доставив барање до Антикорупциската комисија да се испита целиот случај и да се утврдат аргументите затоа што не смее да се дозволи да се манипулира со јавноста и да се изнесуваат лаги, рече министерот Оливер Спасовски во денешната изјава откако го поднесе барањето до Државната комисија за спречување на корупција, а по лагите што ги изнесе политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за наводна инволвираност на министерот Спасовски во сопствеништвото на компанијата Пин петрол и наводно постоење судир на интереси.

„Како министер за внатрешни работи, но пред се како граѓанин на оваа држава, секогаш сум се залагал и ќе се залагам за целосно почитување на законите и нивна неселективна примена. Изминатиов период политичката партија ВМРО-ДПМНЕ направи безуспешни обиди да ме дискредитира и во јавноста изнесе целосни лаги и невистини за мој наводен сопственички удел во новата инвестиција на компанијата ПИН Петрол во Куманово. Поднесов барање Антикорупциската комисија да направи проверка на мојата имотна состојба, имотната состојба на моето семејство и да ги превземете сите неопходни активности во насока на проверка на наводите за постоење на судир на интереси. Да се утврдат фактите. Не смее да се дозволи да се манипулира со јавноста. Тоа не може да биде стандард ниту во државата ниту во политиката„, рече Спасовски. .