25/11/2024
Македонија

Спасовски во финишот на изборната кампања: Излезете на гласање и изберете 3

Изјава за медиуми, Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и носител во ИЕ 2

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Апелирам: Гласањето е безбедно, сите ние сме пред огромна одговорност да сочувавме `се што осигуравме во изминатите три години и имаме само еден избор, да продолжиме по правиот пат.

Обезбедивме сигурни плати и пензии, сигурни перспективи за младите, сигурни евроатлански интеграции и правиот пат е Сигурност.

Следуваат специфични времиња во коишто ќе треба да продолжи успешната грижа за здравјето што денес ја водат одговорни луѓе.

И следуваат специфични времиња во економијата за коjaшто се исто така потребни одговорни луѓе, кои покажаа што значи заштита на сечија егзистенција, сечиј бизнис, сечиј кров над главата.

Да, можеме и повеќе и подобро и тоа ќе го направиме во периодот што претстои.

Но со СДСМ сте на сигурно и ве повикувам – излезете на гласање и гласајте за бројот 3, СДСМ и коалицијата „Можеме“.

На другата страна е режимот што чека шанса да се обнови.

Зарем ќе му дадеме шанса воопшто и да помисли дека може да се врати?

На таа страна во тој мрак се луѓе избркани од работа затоа што не работеле под партиски директиви, се уценети бизниси, се изолирана држава и блокирани перспективи за соединување со современиот свет. На таа страна се криминали, закани по живот. На таа страна се лаги и конструкции. На таа страна е ужас.

ВМРО-ДПМНЕ е голема опасност за јавното здравје, за обнова на сиромаштијата и обнова на мракот, за обнова на режимот. Не смееме да го дозволиме тоа.

Ниедна битка не е лесна, не е ни оваа. Ќе се бориме во којашто се бориме да продолжат перспективите.

Постигнавме членство во НАТО, на чекор сме до преговори со ЕУ со сочуван идентитет. Градиме успешно едно општество за сите – се грижиме за сите. Ги покачивме платите, пензиите, социјалната помош, ја зголемивме како никогаш досега поддршката за младите.

Со новата развојна економија, сега кога ги затворивме сите прашања што го блокираа нашиот развој, нашата иднина е сигурна.

Сакате ли сигурна иднина? Отфрлете ја опасноста. Излезете на гласање. Сите здравствени протоколи за безбедно гласање се донесени.

И изберете 3, изберете СДСМ и Сигурност. Опасностите да ги оставиме во темните страници на историјата на коишто ќе биде испишано како заедно сме ставиле крај на остатоците од режимскиот систем, за никогаш да не се повтори.

Да се разбудиме на 16 јули спокојни, дека сме го направиле потребното и сме ја осигурале и сегашноста и сигурната иднина на нашите деца.

Број 3. Од секој од нас зависи. Излезете и гласајте. За сигурност.