Специјален едукативен камп за планинарење за деца со попречености
Вчера ЗП „Великамен“ одржа Специјален едукативен камп за планинарење за деца со попречености. Настанот започна со кратка планинарска акција од с.Горно Коњско до планинарскиот дом Троуглеш.
Децата беа придружувани од двајца лиценцирани водичи, дефектолог и нивните родители. Во дворот на домот преку активности децата учеа како се поставува шатор, како безбедно да се запали логорски оган и многу други вештини за движење и престој на планина.
Специјалниот едукативен камп за планинарење за деца со попречености како настан е уште една успешна соработка помеѓу Здружението на планинари Великамен и Здружението на родители на деца со посебни потреби “Тајните на моето срце”.
Настанот беше поддржан од програмата за здравствена и социјална заштита на Општина Охрид.
WebOhrid / 23.06.2024 / Павел Донески