Специјалната единица „Тигар“ денес и утре ќе спроведе тактичко-показна вежба кај каналот Студенчишта
Полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи, денеска и утре од 11:00 часот, на потегот од каналот „Студенчишта“ кон пешачката патека во Охрид, ќе спроведат тактичко – показна вежба.
Се работи за редовна вежбовна активност на Единицата во која ќе се вклучи и Хеликоптерската единица на МВР, а целта е јакнење на професионалните компетенции на припадниците на Единицата за зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалот и подигнување на безбедноста на граѓаните и државата.
Пред почетокот на вежбата, полициски екипи ќе извршат обиколка и обезбедување на поширокото подрачје каде ќе се изведуваат вежбовните активности со цел оневозможување влез на граѓани на подрачјето.
СВР Охрид упатува апел до граѓаните, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат на подрачјето каде ќе се изведува вежбата и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.
Вежбовни активности на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ во Охрид ќе има и во текот на идната недела, за што СВР Охрид навремено ќе ја информира јавноста.
WebOhrid / 17.11.2022 / СВР Охрид