22/11/2024
Македонија

Спорт ДА, дрога НЕ

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на овој месец организираше повеќе спортски активности за учениците од основните училишта во општините Куманово и Липково.

На 14.05.2018 година во спортска сала на основното училиште „Фаик Коница“ во село Слупчане, општина Липково, во рамките на проектот „СПОРТ ДА ДРОГА НЕ“, беше организиран турнир во мал фудбал. На турнирот учествуваа 60 ученици во машки и женски екипи од шестте основни училишта од општината . Турнирот имаше за цел промовирање на спортските и културни активности наспроти посегнување и злоупотреба на дрога и други психотропни супстанци, кои оставаат негативни последици. Со овој проект се промовираше дружење, комуникација и соработка меѓу децата, но и со полицијата и локалната самоуправа. Екипите беа составени од ученици по случаен избор од различни училишта. На училиштата и одговорните наставници и учесници им беа доделени благодарници за учество и придонес во спроведување на проектот „Спорт Да дрога НЕ“.

Исто така, на 02.05.2018 година беа организирани и спортските натпревари во фудбал и за подрачјето на Куманово, каде учествуваа ученици од 17 основни училишта. Покрај спортскиот дел, на оваа манифестација, беше организирана и забавно-музичка програма со учество на млади талентирани уметници од Куманово.