Спортско дружење за вработените во Локалната самоуправа и Јавните претпријатија
Во спортската сала „Билјанини извори“, денес, се организира спортско дружење за вработените во Локалната самоуправа и Јавните претпријатија. На почетокот од спортскиот ден, в.д. градоначалникот Константин Георгиески, на присутните им порача:
„Максимата дека „Спортот има моќ да ги поврзе луѓето“ е вистинита. Доказ за тоа сме и ние денес овде присутните. Иако доаѓаме од различни сфери, на теренот сме обединети кон една заедничка идеа, а тоа е да бидеме најдобри секој во својот дел од тимот. Тимската работа е она што не прави да бидеме подобри, бидејќи ниеден од нас не е попаметен колку сите ние заедно. Но тоа не е случај само во спортот. Тимската работа е потребна и во извршувањето на секојдневните активности на Вашите работни места. Сите ние треба да бидеме една целина за да ги испорачаме услугите кој што ги очекуваат од нас. Токму ваквите дружење ни помагаат да го сфатиме значењето на тимската работа. Затоа овој настан е особено важен за секој од нас.Би сакал овој настан во иднина да прерасне во традиција, и од година во година бројот на пријавени да се зголемува. За крај Би ви посакал, да имате успешен натпреварувачки ден, а на крајот од денот сите да се чувствувате како победници, бидејќи дружењето со пријателите, креирањето спомени и најважно од се позитивната енергија и смеење немаат цена.“
Учесниците ќе се натпреваруваат во мал фудбал, пинг понг, баскет и тенис, а за првопласираните три екипи во сите категории се обезбедени пехари, медаљи и признанија.