Спроведена акциска контрола за спречување диви трки на мотоциклисти во Скопје
Во периодот од 22.30 часот на 08.05.2018 до 01.00 на 09.05.2018 година, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје беа преземени мерки и активности за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти на улиците „Џон Кенеди“, „Лазо Трповски“ и „2-ра Македонска бригада“.
Притоа, биле регистрирани 15 прекршоци за кои биле издадени 15 платни налози на прекршителите.
Двајца од учесниците немале лични документи и документи за мотоциклите и затоа биле приведени во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.
Секторот за внатрешни работи Скопје ќе продолжи со спроведување редовни контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.