Србин лишен од слобода поради разбојничка кражба во маркет во Охрид
На 01.08.2019 во 11,20 часот во СВР-Охрид од страна на полициски службеници бил лишен од слобода К.Б.(37) од Р.Србија поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело “разбојничка кражба“ на 28.07.2019 година во маркет на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Лицето било приведено во полициска станица за понатамошна постапка.