СРЦ „Билјанини Извори“ беше домаќин на неколку спортски настани
Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ изминатиов викенд беше домаќин на неколку спортски настани од различни спортови, што би рекле за секого и за сечиј вкус по нешто.
Богатиот спортски викенд започна со Првиот меѓународен фудбалски турнир за генерации 2008/2009 и 2010 „Охридски бисери“ кој се одржа на 18 и 19 октомври (петок-сабота) на градскиот стадион „Билјанини Извори“. На турнирот учество зедоа 10 екипи од три држави и тоа Охрид/Македонија, Р.Хрватска и Р.Црна Гора.
Спортскиот викенд продолжи со едно коло од Државното поединечно првенство во бокс за натпреварувачката сезона 2019 во машка и женска конкуренција кој се одржа во саботата и неделата. На првенството учество зедоа и членовите на охридскиот боксерски клуб „Алексо Огненовски“ кој забележаа одлични резултати во двете конкуренции.
Викендот се заокружи со стартот на кошаркарскиот турнир во Баскет 3×3 каде во неделата (вчера) се одиграа првите две кола во двете групи.
Ако по стартот се препознава и квалитетот, возбудувањата и другарувањето тогаш сме убедени дека ќе имаме и тоа како интересен Баскет турнир на задоволство на сите љубители на кошарката и рекреацијата.