Сребрен медал за Берат Јакупи во Премиер лигата во Истанбул
Берат Јакупи го освои второто место во категоријата до 84 кг. на Премиер лигата во Истанбул, Турција откако во големото финале беше поразен од Иранецот Махди Кодабакши со 7-3.
Во вчерашните квалификациски натпревари Јакупи во првите две кола беше убедлив против Французинот Меди Сесина со 7-2 и Мерис Муховиќ од Босна и Херцеговина со 7-1. Во 3. своја борба го победи Турчинот Угур Акташ со 2-0, а со истиот резултат во ¼ финалето беше подобар од Пабло Запата Аренас од Шпанија. Во полуфиналниот меч каратистот на Македонија во неизвесна борба по судиско изјаснување го совлада Иранецот Забиола Поршаб.
Останатите претставници на Македонија, на Премиер лигата во Истанбул не остварија забележителен настап и останаа без пласман.