26/11/2024
Македонија

Средба Маричиќ – Јурова: Дигитализацијата на правосудството потребна како никогаш досега

Министерот за правда Бојан Маричиќ утрово оствари онлајн средба со еврокомесарката за вредности и транспарентност Вера Јурова, на која дискутираше за клучните реформи во областа правда.

За време на разговорот, Маричиќ ги претстави превземените и планираните реформи во својот ресор и искажа надеж дека преговарачката рамка ќе биде усвоена во наредните неколку денови и дека во декември ќе ја имаме Првата меѓувладина конференција и почеток на преговорите со Европскта Унија.

Маричиќ воедно истакна дека е во интензивна комуникација со сите релевантни чинители од правосудството во дефинирањето на приоритетите и обезбедување на нивното учество во клучните реформи во областа правда, а дека засега тој процес се одвива добро, а и има позитивни повратни реакции. Министерот посебно потенцираше дека вклученоста на ЕУ во процесите во правда е од суштинско значење и ќе овозможат дополнителна вредност и кредибилност на реформите во правосудството.

Поради пандемијата, Маричиќ истакна и дека дигитализацијата на судството и обвинителството за ефикасно и ефективно постапување по предметите е потребна како никогаш досега, а дека поддршката од ЕУ за осовременување на правосудството ќе биде вистински катализатор на дигитализацијата, се со цел поефикасни судски процеси.  
Еврокомесарката Јурова кажа Европската комисија е подготвена да помогне советодавно и финансиски за проекти кои се во насока на подобрување на транспарентноста и ефикасноста на правосудниот систем.

Дополнително таа изрази надеж дека кога ќе се создадат услови, имајќи ја предвид глобалната пандемија, ќе ја посети Северна Македонија и лично ќе се сретне со министерот Маричиќ со цел да се забрза соработката во областа на правосудството